Потенцијално, милион возрасни Британци жалат што не ја сфаќале посериозно математиката на помлада возраст, покажа една анкета.
43 отсто од 2.000 возрасни лица признале дека посакувале повеќе да се сконцентрираат на предметот кога оделе на училиште.
Други велат дека посакуваат финансиите, бројките и буџетирањето да биле поголем дел од нивниот живот дома и на училиште кога биле помлади, со што би ги избегнале тешкотиите подоцна во животот.
4 од 10 родители што учествувале во истражувањето дури и признале дека избегнуваат да им помагаат на нивните деца со домашната работа по математика бидејќи знаат дека ќе имаат тешкотии.
Само 1 од 5 родители изјавил дека знае кога им помага на децата со домашните задачи по математика во средно училиште.
Стравот од бројките се чини дека има и лош ефект со финансиите во домаќинствата со оглед на тоа што 40 отсто од учесниците изјавиле дека не се чувствуваат целосно самоуверено со секојдневното менаџирање на парите и буџетот.
Особено подложна на овој
проблем е помладата генерација, генерацијата „З“ (од 18 до 24 години), која изјавила дека има најмалку доверба кога станува збор за управувањето со парите, а веднаш по неа се милениумците (од 24 до 38 години).