Градот Њујорк усвои закон со кој се забранува дискриминација врз основа на тежина. Градските советници кои го поддржаа законот сметаат дека луѓето со вишок килограми имаат тешкотии во рестораните и во театрите... Се истакнува дека тие лица се дискриминирани и при доделувањето велосипеди од градските власти.
Од друга страна, лидерот на опозицијата во Градското собрание на Њујорк, Џозеф Борели, изјави дека е загрижен оти законот може да доведе до тоа њујорчани да тужат секого за сè.
- Имам прекумерна тежина, но не сум жртва. Никој не треба да се чувствува лошо за мене освен копчињата од кошулата - изјави Борели за „Њујорк тајмс“.
Во САД повеќе од 40 отсто од возрасните граѓани се дебели, а испитувањата покажуваат дека дискриминацијата е сеприсутна.
Извор: МИА