X
 22.10.2019 Живот

Први споменици на жени во Централ парк

Њујорк Сити одобри подигнување споменици во Централ парк на остварени жени.

Тоа вчера го изгласа градската комисија со цел да им се оддаде почит на трите жени – пионери во борбата за човекови права: Сузан Б. Ентони, Елизабет Кејди Стентон и Соџернер Трут.

Во познатиот њујоршки парк моментно се наоѓаат 23 статуи на мажи, кои ја обележале американската историја, но досега немало ниту еден споменик посветен на некоја вистинска жена.

Се очекува спомениците да бидат поставени во август следната година, кога се одбележува 100-годишнина од правата на жените во САД да гласаат.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот