X
 12.05.2023 Технологија

Виетнам планира да го отежни создавањето профили на социјалните мрежи

Виетнам подготвува законски предлог со кој би можел да им го отежни користењето на социјалните мрежи на граѓаните. Според предлогот, од граѓаните би се барало да го верифицираат својот идентитет при пријавувањето за локалните и странските социјални мрежи.

Целта на предлогот е да се намали бројот на измами и лажни профили. Доколку предлогот биде прифатен, на државните агенции би им се овозможил полесен пристап до корисниците на социјалните мрежи кои ги прекршуваат законите, без разлика дали станува збор за локална или меѓународна платформа.

Обврската би се однесувала на поединците, но и на организациите што ги користат социјалните мрежи.

Виетнам во последните неколку години донесе повеќе закони со кои се обидува да се бори против лажните вести. Освен тоа, земјата ги присилува странските фирми да отворат подружници во земјата и редовно да им доставуваат податоци од нивните граѓани.

Извор: Zimo
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија