X
 22.06.2016 Живот

Знаци дека ви треба детоксикација од социјални мрежи

Социјалните мрежи стануваат дел од нашето секојдневие. Впрочем, за многумина тоа се. Но, како што социјалните мрежи може да ни донесат поволности, тие може да имаат и негативни ефекти. „Космополитан“ пишува за некои знаци кои покажуваат дека треба да направите пауза од социјалните мрежи со партнерот.


1. Вашето квалитетно поминато време е кога заедно гледате серија која е здодевна за да се следи без проверување „Фејсбук“.

Доколку повеќето од времето го трошите на каучот гледајќи во телефонот, можеби треба да направите пауза од електрониката.

2. Забележувате дека сте повеќе љубоморни за врските на останатите.

Многу се пишува за влијанието на социјалните мрежи, особено кога станува збор за начинот на кој корисниците реагираат на моментите прикажани од страна на нивните пријатели. Доколку се вознемирувате затоа што некој друг се забавува - време е да престанете.

3. „Четувате“ толку многу што немате што да си кажете во живо.

Доколку го/ја известувате за се' преку социјалните мрежи и потоа ви е здодевно додека сте заедно, може да направите пауза од социјалните мрежи.

4. Повеќе знаете за животот на вашите пријатели на социјалните мрежи отколку за животот на партнерот.

Ова не е добро.

5. Почесто изразувате емоции со „стикери“ отколку со срцето.

Повторно, ова не е добро.

6. Честопати мислите на новото известување на „Фејсбук“ наместо да се фокусирате на партнерот додека ви зборува.

Доколку не може да се фокусирате на било што друго освен на новоста на социјалните мрежи, веројатно сте опседнати со виртуелниот свет, а го игнорирате реалниот.

7. Ги планирате работите и настаните само затоа што ќе изгледаат добро кога ќе се означите на социјалните мрежи.

Вашите излегувања не треба да се фокусираат околу социјалните профили.

8. Први си ги „лајкнувате“ новите објави.


Ова често се случува, но не мора да продолжи.

9. Правите многу селфиња дневно.

Зарем мора да направите селфи секогаш кога ќе се видите?

10. Луѓето зборуваат дека сте од „оние парови“ кои постојано гледаат во телефонот.

Одете на викенд во кабина без мрежа на една недела. Тоа ќе биде добро за вас.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот