„Radiohead“ буквално исчезна од интернет просторот. Вчера нивната веб страна беше сосема бела, а сите постови до нивните канали на Фејсбук и Твитер, вклучувајќи го и сопствениот на Том Јорк се избришани, а профилните фотографии сега се бели.
Вчера „Radiohead“ испратија летоци на кои пишува: „“Sing a song of sixpence that goes/ Burn the Witch/ We know where you live“, со врежаното лого на „Radiohead“. „Burn the witch“ е името на необјавената песна на „Radiohead“ која датира од средината на 2000 година.
Сите индикации укажуваат на претстојното издание на деветтиот албум на „Radiohead“.