Доколку сте пребарувале нешто на „Гугл“ во периодот од октомври 2006 до септември 2013, може да добиете дел од вкупно 23 милиони долари кои компанијата мора да им подели на корисниците.
Според пресметките, индивидуалната сума по лице треба да изнесува околу 7,70 долари, што не е многу. „Гугл“ треба да ги подели средствата како дел од судски спор кој започнал пред повеќе од една деценија.
Во спорот, компанијата е обвинета дека чувала и свесно споделувала корисници од пребарувањата на корисниците на трети страни, со што ги нарушила законите за почитување на приватност. Пребарувањата на корисниците кои биле споделувале имале чувствителни податоци, како имиња, адреси, телефонски броеви итн, што го зголемува ризикот за кражба на идентитет.
Од „Гугл“ тврдат дека не згрешиле, но сепак, сега мора да ги информираат корисниците како ги споделуваат нивните лични податоци.
Корисниците кои сакаат да добијат отштета од „Гугл“ може да поднесат барање до 31 јули. Иронично, ќе треба да дадете уште лични податоци, како име, адреса и електронска пошта, за да бидете на листата на корисници кои ќе добијат отштета. Повеќе информации пронајдете
овде.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay