X
 12.06.2017 Култура

Пријателски совет од Чарлс Буковски до младите луѓе

Оди на Тибет.
Јавај на камила.
Читај ја Библијата.
Обој ги чевлите во сино.
Пушти брада.
Сврти го светот во брод од хартија.
Претплати се на Saturday evening post.
Џвакај само со левата страна од вилицата.
Ожени се со еднонога жена и бричи се
со вистински жилет
Врежи го своето име на нејзината рака.

Миј си ги забите со бензин.
Спиј цел ден, а ноќе качувај се по дрвја.
Биди монах и пиј ракија и вино.
Држи ја главата под вода и свири виолина.
Играј стомачни танци под розови свеќи.
Убиј го своето куче.
Кандидирај се за градоначалник.
Живеј во буре.
Скрши си ја главата со томахавка.
Сади лалиња на дожд.

Само немој да пишуваш поезија.

Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура