X
 29.07.2017 Култура

Како „Despacito“ го освои светот и колку заработи?

Сигурно досега сте ја слушнале песната, а голема е веројатноста и да го знаете текстот на памет.

деспасито
Фото: Printscreen/Youtube

Интернетот е преполн со мемиња, песната има илјадници преработки и руши рекорди на „Јутјуб“ (преку 2 милијарди и 800 милиони прегледи), на апсолутно сите дигитални платформи. Не постои клуб ниту кафуле кое не ја пуштило, па голема е веројатноста песната да ви стане одбивна како што впрочем се случи и со „Gangham Style“, „Happy“, „Somebody that I Used to Know“ и другите летни мега хитови.

Иако за светскиот успех заслужен е и „Бибер ефектот“ (сè што Бибер ќе објави станува хит), не смееме да заборавиме дека ремикс верзијата не се ни доближа до успехот на оригиналот.

Фонси на социјалните мрежи се заблагодари на фановите и изјави дека и самиот е изненаден од популарноста што ја предизвика песната.

Колку заработи?

Само со пуштањето на дигиталните сервиси, песната заработи 6 милиони евра. Други медиуми тврдат дека заработката преминува 36 милиони долари, а некои велат дека Фонси во изминатава година станал побогат за 100 милиони долари.

Песната не е единствената работа што го привлече вниманието на медиумите. Тука е и класичниот летен спот во кој се појавува поранешната Мис Универзум, прекрасната Зулејка Ривера.

И додека од една страна имаме вистинска Фонси треска, на други места, Фонси и неговиот хит не се добредојдени. Државната телевизија и радио во Малезија ја забранија песната поради „експлицитниот текст“.

Зошто е толку популарна?

Многу се прашуваат дали постои некој таен рецепт, меѓутоа наједноставниот одговор е - нема. Ова е заразна песна и тука нема преголема филозофија.

„Despacito“ е комбинација од стилови (традиционална гитара, регатон, рап и заразна мелодија), а шпанскиот му го дава тој „глобализиран“ звук. Исто така, Фонси и Деди Јенки се меѓу најголемите латиноамерикански ѕвезди, а тука помогна и Џастин Бибер.

Кога ќе стивне популарноста на песната?

Продадени се преку милион примероци, песната е број еден во повеќе од 50 земји во светот, и е прва песна на шпански јазик после „Мacarena“ од 1996 година која го освои врвот на Билборд Хот 100 табелата. Кога ќе престане не знае никој.

Во одредена мера таа секогаш ќе биде присутна, исто како „Gangham Style“ и „Lambada“ кои и денес можат да се слушнат иако поминаа повеќе од 30 години откако беа направени.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура