X
 01.05.2017 Живот

Невронаучници откриле песна која ја намалува анксиозноста до 65 проценти

Анксиозноста претставува чувство на паника, загриженост и страв. Тоа има силна контрола врз голем дел од популацијата или околу 30% од возрасната популација на возраст од 18 до 54 години.

Ако се земат предвид работните места и образовниот систем, анксиозност најмногу пријавувале 41% од вработените во широк спектар на индустрии, а повеќе од половина се студенти.

Како анксиозноста стана толку честа во општеството?

Вклученоста на технологијата во секојдневниот живот, премногу заштитничкото родителство и „факторот испити“ се три фактори кои придонесуваат за нејзината појава. Друг фактор кој би можел да доведе до состојби на анксиозност е огромните избори кои ги имаат луѓето. Не е дека изборот е сам по себе штетен, но мислата дека секогаш човекот се стреми кон најдоброто во општеството кое суди за секој чекор, и за секој избор, може да и наштети на самодовербата.

Како да се справите со неа?

Анксиозноста се третира со лекови и советувања. Околу 65% од Американците во Северна Америка пијат лекови дневно, но во повеќето случаи е докажано дека со релаксација најдобро се третира оваа состојба. Но освен со јога, медитација, масажа или други попознати релаксирачки техники, позната е и терапијата со музика. Невронаучници од Велика Британија тврдат дека ја пронашле совршената песна која редуцира до 65% од анксиозноста кај луѓето само со слушање.

Името на песната е “Wightless”, а креирана е од „Marconi Union“. Направена е со цел да го намали срцебиењето, да го смали крвниот притисок и да го намали нивото на стрес.


Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот