X
 18.06.2016 Наука

Едноставните игри со броеви ги подобруваат математичките вештини кај децата

Иако се смета дека математичките вештини е тешко да се подобрат кај учениците, истражувачите од Универзитетот Џон Хопкинс ги подобриле овие вештини кај децата кои одат во градинка преку брзи компјутерски игри.

„Математичката способност не е статична - не значи дека ако сте лоши во математика, ќе бидете лоши целиот ваш живот. Не само што ова може да се промени, туку може да се направи во многу краток временски период“, вели Џининг „Џени“ Ванг, дипломиран студент од Кригер факултетот за уметности и одделот за психолошка и експертска наука. „Ние користевме пет минутна игра за да ги промениме перформансите по математика кај децата“.

Луѓето и животните се родени со интуитивно чувство на кванитет и можат да го покажат ова знаење како деца. На пример, ако ни е претставен избор со нешто помалку и нешто повеќе, дури и малото дете ќе гравитира кон опцијата која има повеќе. Оваа интуиција за бројките се нарекува „приближен броен систем“.

Иако оваа примитивна смисла на бројот е непрецизна и различна од нумеричката точност на математиката, истражувањата покажуваат дека двете способности се поврзани. На пример, истражувачите демонстрираат дека силното интуитивно чувство на приближен број може да ја предвиди математичката способност подоцна кога детето ќе започне да оди на училишта. Но досега никој не покажал дека негувањето на интуицијата ќе го направи детето подобро во математика.

„Ова е големото прашање. Ако можеме да ја подобриме интуицијата за број, дали можеме да ги подобриме и нивните математички способности?“, вели Ванг.

Истражувачите направиле пет минутна компјутерска игра за да го тренираат интуитивното чувство за број кај 40 деца на 5 годишна возраст. На екранот на лап топот се појауваат сини и жолти точки; децата требаше да кажат дали има повеќе сини или повеќе жолти точки - ова требаше да го направат брзо, без да бројат. Децата добиле повратна информација после секое тестирање. После точните одговори, биле известени со претходно снимен глас: „Тоа е точно“. После грешните одговори, тие слушале: „Тоа не е точно“.

Некои од децата започнале со полесни прашања кои постепено станале потешки. Други деца започнале со потешки прашања, а трета група работела и на тешки и на лесни.

После играта со точките, истражувачите на сите деца им дале квиз со зборови или математички квиз. Со математичкиот квиз, кој произлегувал од стандардизиранио тест за проценка на математичките способности, децата требало да бројат наназад, и да ја проценат големината на дадените броеви (Што е повеќе, 7 или 6?), да ги кажат одговорите на текстуална задача („Џои има еден блок, и добива уште два; колку вкупно има?“) и да ги запише броевите.

Иако истражувачите не виделе промена во речникот кај децата, децата кои ја решавале задачата со точките како и задачите од полесно кон потешко, постигнале многу подобри тестови по математика, со 80% точни одговори.

„Со подобрувањето на интуицијата за броевите се подобрија и нивните математички резултати“, вели Лиса Феигенсон, професорка по психолошки и невролошки науки и автор на истражувањето. Следниот чекор ќе биде истражувачите да ја искористат техниката за трајни резултати. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука