Многу луѓе секое утро се под стрес кога треба да одлучат што да облечат за на работа, па најчесто ја кажуваат познатата реченица: „Немам што да облечам“.
Вистината е далеку од тоа бидејќи имаме доволно облека, па затоа тешко донесуваме одлука, а психологот Џо Хемингс истакнува дека оваа реченица е опасна за здравјето.
Тоа што имаме премногу опции е познато како „парадокс на изборот“. Тоа не се однесува само на облеката, туку и на различните животни ситуации бидејќи преголемата можност за избор може да предизвика анксиозност.
„Со други зборови, кога сме соочени со преголем избор, нашиот, и онака преоптоварен мозок, е под уште поголем притисок и стрес, па така стануваме уште позагрижени поради изборот на облека“, објаснува Џо.
За да се ослободиме од ова чувство, Хемингс предлага плакарот да се организира според боите, односно по видот на облеката. Би требало од главниот плакар да ја тргнете облеката што не е за таа сезона. Исто така, таа советува пред да си легнете да изберете што ќе носите утредента.
„Пред да одите во кревет, изберете што ќе облечете, од долна облека до чевли. И немојте наутро да си дозволите да се премислите“, советува таа.
Хемингс смета и дека една од клучните работи при чистењето на плакарот е да ја фрлите
облеката што не сте ја носеле во последната година.