Берин Мухамед, ученик во втора година во скопската гимназија „Зеф Љуш Марку“, е нов претседател на Сојузот на средношколци на Македонија. Тој беше избран вчера од делегатите на Третиот конгрес на Сојузот.
Мухамед има двегодишен мандат да го предводи Средношколскиот сојуз. Како и Трпески, и тој досега беше дел од Извршниот одбор на Сојузот и координатор на младинските амбасадори.
Новиот средношколски лидер изјави дека како средношколец и младински активист, ќе работи на унапредување на заложбите и работата на неговиот претходник Лука Павиќевиќ и на другите досегашни лидери на средношколците.
Извор: МИА