X
 12.06.2024 Живот

Врнело 85 дена по ред: Ова е најдождливиот град во Европа

Интернет-пребарувачот за сместување „Холиду“ спроведе анализа за тоа кои се најврнежливите градови во Европа. Користејќи ги податоците од апликацијата „Светска временска прогноза онлајн“, ги рангирал градовите врз основа на просечниот број врнежливи денови месечно, како и статистиката за просечните дневни врнежи.

Со оглед на тоа што Берген има просечно 12,7 врнежливи дена месечно и 8,8 милиметри врнежи дневно, „Холиду“ го прогласи за најврнежлив град во Европа - вториот по големина град во Норвешка.

И туристичкиот одбор на градот Берген често споменува дожд во своите маркетиншки активности, па дури и го става на разгледниците. Норвежаните не се плашат од дожд - на крајот на краиштата, тие не веруваат дека има лошо време, само лошо облечена личност. Напротив, тие ги охрабруваат сите заинтересирани да ги посетат, без разлика на временската прогноза.

Зошто врне толку дожд во Берген?


Берген има единствена географска положба. Се наоѓа на југозападниот дел на Норвешка, на брегот на Северното Море, и е опкружен со седум планини, што го прави подложен на долги и обилни врнежи. Најдолгиот дождлив период во Берген е забележан на крајот од 2006 година и почетокот на 2007 година. Врнело дожд дури 85 дена по ред - од 29 октомври до 21 јануари. Најдолгата континуирана сезона на дождови во летните месеци се случила во 1952 година кога врнело непрекинато од 1 до 24 јуни.

Кога да го посетите Берген?


Кога е најдобро време за посета на Берген? Одговорот на тоа прашање зависи од тоа какви се вашите планови, но веднаш треба да знаете дека ниту една сезона не е особено сушна.

Во просек, Берген има најмалку дожд во јуни, а најмногу во октомври. Просечната температура во текот на летото се движи од 9,9 до 20,7 Целзиусови степени - со тоа што јули е најтопол месец. Во текот на зимата очекувајте силен ветер, малку снег и просечни температури од -0,1 до -4,9 Целзиусови степени.

Ако имате шанса да го посетите Берген, искористете ја, само не заборавајте да си понесете чадор.

Извор: punkufer.dnevnik.hr

Фото: Wikipedia

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот