X
 01.02.2022 Живот

Зимски град на чудата: Аомори е најснежниот град во светот

Секоја година градот Аомори, кој се наоѓа на северот на Јапонија, е погоден од силни снежни бури што го прават еден од најснежните градови на планетата и интересен избор за патување.

Екстремните снежни врнежи во овој град подразбираат повеќе од седум метри висока снежна покривка во периодот од ноември до април. Причина за тоа се студените сибирски ветрови што секоја година дуваат од северозапад. Како што студениот воздух ги преминува потоплите води на земјиниот брег, така се акумулира влага, која потоа се крева и се претвора во снег.

1
Фото: Instagram

Во Јапонија таканаречениот „снежен ефект на море“ се должи на тоа што градот со околу 300.000 жители е покриен со дебел слој снег и мраз во текот на зимата. Почвата на овој град и покривите на зградите се речиси целосно бели до април. Многу улици во центарот на градот се обложени со ѕидови од мраз, кои стануваат повисоки секојпат кога снежните плугови се обидуваат да го расчистат патот.

2
Фото: Instagram

4
Фото: Instagram

Сепак, и покрај постојаните снежни бури, Аомори никогаш не е затворен. Наместо тоа, станува вистинска зимска земја на чудата за скијачите и туристите кои имаат желба да уживаат во област со толку многу снег. Многу посетители го избираат Аомори како дестинација за да пробаат некои од најсвежите и најдобрите морски плодови во Јапонија.

sneg
Фото: Instagram

Патувањето до оваа дестинација не е толку комплицирано како што многумина мислат. Низ годините градот се приспособил на вакви екстремни услови. На меѓународниот аеродром Аомори има околу 20 лета дневно, додека градот е поврзан со воз.

Интересно е да се спомене дека ниту еден лет не е одложен или откажан повеќе од две децении. Во одржувањето на аеродромската писта учествуваат дури 120 луѓе.

sneg

За да не се наталожи многу снег и да не се создадат дополнителни проблеми, специјални камиони го носат до пристаништето на северниот брег на градскиот залив Муцу и го фрлаат во морето.

Извор: Telegraf.rs
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот