Неодамна излезе ранг-листата на светските универзитети според „Тајмс хајер еџукејшн“ за 2025 година. САД и Велика Британија доминираат на правите места, додека европските универзитети забележаа одреден пад.
Универзитетот во „Оксфорд“ ја задржа својата позиција како највисокорангиран универзитет во светот деветта година по ред.
Потоа следуваат Технолошкиот институт во Масачусетс, Универзитетот „Харвард“ и Универзитетот „Принстон“, кој се искачи од шестото на четвртото место.
Универзитетот „Кембриџ“ остана на петтото место, непроменет од претходната година, додека „Стенфорд“ падна од 2. на 6. место.
На највисоките места доминираа институции од САД и Обединетото Кралство, кои ги поделија првите 10 места.
Фото: Screenshot/Euronews
Како се оценуваат универзитетите?
Најновото рангирање на светските универзитети прикажа повеќе од 2.000 универзитети од 115 земји и региони. Рангирањето беше засновано на 18 индикатори за успешност во пет категории, вклучувајќи настава, истражувачка средина, квалитет на истражување, меѓународна перспектива и индустрија.
Рангирањето покажа променлив глобален пејзаж, при што многу европски универзитети паднаа, додека азиските институции продолжија да ги подобруваат своите позиции.
Кои европски универзитети се најдобри во светот?
Според вкупните оцени на ранг-листата, првите три европски универзитети се од Обединетото Кралство: Оксфорд, Кембриџ и Кралскиот колеџ во Лондон. Швајцарскиот универзитет ЕТХ Цирих се најде на 4. место во Европа и на 11. место на глобално ниво. По него е Универзитетскиот колеџ во Лондон, кој се најде на 22. место на глобално ниво.
И Германија имаше свој претставник - Техничкиот универзитет во Минхен и ЛМУ Mинхен, кои се најдоа на 26. и 38. место. Други врвни европски универзитети се францускиот Универзитет за истражување ПСЛ и белгискиот КУ Леувен, кои се најдоа во топ-50 универзитети.
Фото: Screenshot/Euronews
Кои земји се дом на најобразованите луѓе во Европа?
Франција, Холандија и Швајцарија забележаа пад на нивните универзитети во рангирањето. На пример, 8 од 12 рангирани универзитети во Холандија паднаа. Во Франција, 19 од 50 универзитети забележаа пад, додека 10 го забележаа најлошото рангирање досега. И Швајцарија имаше пад на неколку универзитети, иако дел од нив и понатаму се високо рангирани.
Нордиските земји, особено Шведска, Данска и Финска, продолжуваат да покажуваат постојан напредок на глобалното рангирање, со оглед на тоа што нивните универзитети или се подобрија или ги задржаа своите позиции. Шведска го задржа присуството во првите 50, со што Институтот Каролинска се искачи за едно место и се најде на 49. место, додека Данска обезбеди место во глобалните топ-100, поточно Универзитетот во Копенхаген се најде на 97. место оваа година.
Извор:
Euronews.com
Фото: Freepik