Дали некогаш сте замислиле како би било да посетите еден од најпознатите светски историски локалитети без туристи, само вие?
Можеби приватна турнеја до Партенон во Атина? Или можеби утринска прошетка околу Стоунхенџ? Или повеќе ви одговара посета на Големата пирамида во Гиза?
Приватната турнеја на овие места е можна само за богатите и славните, но не и за нас „обичните смртници“.
Затоа, ви нудиме неоткриени антички чуда, далечни и прекрасни каде има малку туристи, и каде целото место ќе биде единствено за вас.
Едно од овие места е и Кампече, Мексико - некогашниот моќен град на Калакмул, кој се наоѓа длабоко во џунглата на низините на Маите. Овој голем антички град бил дом на богатата култура на Маите и кралевите.
Калакмул бил откриен во 1931 година. Во 1938 година археолозите дошле на ова место за да го истражат, меѓутоа не се вратиле се' до 1982 година. Денес тие тврдат дека станува збор за еден од најголемите градови на Маите.
Иако во 1982 година археолозите започнале да копаат, сепак постојат големи делови од градот кои не се допрени - од идентификуваните 6750 антички градби, само мал број биле ископани; поголемиот дел од градбите се'уште лежат под џунглата.
Иако
целото место е навистина магично, сепак пирамидите се нешто навистина посебно, а на посетителите им е дозволено да се качуваат преку нив (за разлика од многуте популарни места).
Најимпресивна е Структурата 2, висока 55 метри - пирамида која се издига високо над џунглата.
Дел од градбите кои се ископани се толку добро зачувани што голем дел од нив се повторно затворени со цел да не се допре историјата и приказните што ги чуваат во нив.