X
 12.07.2016 Наука

Кога последен пат сте седеле во целосна тишина?

Кога последен пат сте седеле во целосна тишина? Иако не е лесно да се пронајде вистински мир и тишина, сега постојат докази кои покажуваат дека треба да поминуваме колку што можеме повеќе време во тишина.

Веќе знаеме дека премногу врева не е добра за нашиот мозок или нашето време. Истражувањата поврзани со вревата покажуваат дека таа го зголемува нашиот крвен притисок, го намалува нашето спиење и предизвикува болести на срцето. Овие резултати предизвикале да се направат дополнителни истражувања за долгорочните ефекти од вревата и бучавата. Научниците речиси случајно, испитувајќи ја вревата, ги откриле придобивките од тишината.

Неодамнешно истражување во детали ги прикажува позитивните ефекти кои тишината ги има врз нашиот мозок. Новинарот Даниел А.Грос разработува неколку истражувања во кои истражувачите имаат за цел да ги проучуваат ефектите на различни типови на врева - музика, кратки звуци и бела врева - тие откриле дека тишината помеѓу звуците кои тие ги проучувале произвела интересни резултати.

Раст на нови мозочни клетки

Кај групите на глувци изложени на неколку видови звуци, биологот Имке Кристе од Универзитетот Дјук се обидува да види кој звук може да предизвика создавање на нови мозочни клетки. Таа ја користела тишината како контрола.

Кристе открила дека две минутното молчење во текот на денот произведува создавање на нови клетки во хипокампусот, главниот дел од мозокот поврзан со меморијата. Разгледувајќи ги резултатите, Кристе заклучила дека тишината може да биде чудно отстапување од нормата која ја зголемувала будноста кај глувците.

„Видовме дека молчењето навистина им помага на новите генерирани клетки да се интегрираат во системот“, вели Кристе.

Активирање на меморијата на вашиот мозок

Дури и кога светот околу нас е целосно тивок, нашиот мозок може соодветно да ја попилни тишината. Земете го за пример слушањето на вашата омилена песна кога наеднаш ќе се исклучи. Ако ја знаете песната, ќе продолжите да ја слушате во вашата глава.

Со прибирањето на споменот на музиката и текстот на песната, вашиот мозок создава илузија на звукот. Причината затоа е што аудитивниот кортекс на вашиот мозок останува да работи. Дури и ако вашите уши не се стимулирани од страна на надворешни звуци, вашиот мозок секогаш ќе пронајде начин да остане активен.

Поттикнување на само-рефлексија


Без стимулација и одвлекување на вниманието, вашиот мозок не треба да се фокусира. Ова не значи дека тој целосно се исклучува. Сосема спротивно. Вашиот мозок додека одмара собира и сортира информации. Токму тука доаѓа само-рефлексијата.

Аудитивната стимулација го тера вашиот мозок да го процесира звукот и да слуша што се случува околу вас. Без надворешна бучава, вашиот мозок е приморан да слуша што се случува во него.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука