X
 03.09.2017 Наука

Вистинските генијалци ги поседуваат овие карактеристики

Научниците велат дека ова се карактеристиките што ги поседуваат генијалците. Ако пронајдете однесување типично за вас, тогаш вие сте вистински генијалец.

1. Зборувате со себеси


Според истражување, зборувањето со себеси не е знак на болест. Истражувачите спровеле експеримент во супермаркет и откриле дека оние кои си ги кажувале имињата на производите што ги барале, ги пронаоѓале побрзо отколку луѓето што ги пребарувале производите во тишина. Зборувањето со себеси ви помага да го фокусирате вниманието и да ги отстраните сите работи што ви го одвлекуваат вниманието. Ако го правите тоа постојано, тогаш тоа е знак дека сте паметни.

2. Невротични сте

Истражување спроведено од Кралскиот колеџ во Лондон вели дека со невротичноста доаѓа зголемената креативност. Истражувачите откриле дека оние кои се идентификуваат како невротични, оние кои имаат фобии и стравови - исто така имаат активна имагинација. Оваа активна имагинација води до измислување на нови работи од кои би можеле да се плашите, а ова ги зголемува вештините за раскажување приказна.

3. Не ви пречи врева

Според истражување направено од Северо-западниот универзитет, паметните луѓе имаат подобра способност да ги игнорираат гласните звуци и други одвлекувања на вниманието.

4. Консумирање дрога/алкохол


Пред неколку децении, Универзитетот во Бристол открил дека кај оние луѓе со интелигенција повисока од процесот, била поголема веројатноста да експериментираат со дрога или алкохол.

5. Црн хумор

Темната и црна комедија често пати се смета за паметна комедија. Доколку сакате ваков вид на комедија тогаш вие сте паметни. Медицинскиот универзитет во Виена спровел истражување во кое кандидатите тестирале 12 темни хумористични стрипови, а подоцна пополнувале тестови за интелигенција. Резултатите покажале дека колку е личноста попаметна, толку повеќе ужива во овие темни комедии.

6. Неуредно биро

Истражување од Универзитетот во Минесота вели дека ако имате неуредно биро тогаш ова е знак дека сте интелигентни - не знак дека сте премногу мрзеливи за да го исчистите. Се чини дека креативните и паметните луѓе сакаат хаотична работна средина.

7. Читате уште од рана возраст

Британските истражувачи анкетирале 2,000 парови идентични близнаци. И покрај тоа што тие ја имале истата генетика, оној близнак што започнал да чита уште на прилично рана возраст, имал повисока интелигенција. Дали започнале да читаат бидејќи биле попаметни? Не - научниците заклучиле дека читањето порано им помогнал на нивниот мозок да се развие побрзо.

8. Имате некои други здравствени проблеми

За жал, генијалците имаат предиспозиција да имаат сериозно ментален здравствен проблем. Истражувањето спроведено врз шведски тинејџери открива дека кај паметните деца е четири пати поголема шансата да развија биполарно растројство.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука