Фото: Unsplash
Истражувачите што се занимаваат со мозокот посочија мала група мозочни клетки што особено реагираат на никотин. Научниците претпоставуваат дека тие се главните виновници за зависноста од одредена супстанција.
Со поставување на овие неврони во мозокот на глувците научниците успеале да спречат зависност од никотин, но тие исто така може да нè насочат кон нови третмани за овој проблем.
Зависноста од никотин е една од најчестите кај луѓето - се смета дека е трета најзависна супстанција, а бидејќи има толкава власт врз нашиот мозок, тешко е човек да се откаже од оваа зависност.
Затоа, истражувачите од Универзитетот „Рокфелер“ се обидуваат да идентификуваат потенцијални нови лекови што би можеле да помогнат да се спречи зависноста. Тие се фокусирани на два мали мозочни региони лоцирани во средниот мозок - еволутивниот постар дел од мозокот на ’рбетниците и една од многуте карактеристики на мозокот што ја делиме со глувците.
За овие два меѓусебни поврзани региони - медијалната ханелула и интерпедункуларното јадро - е познато дека се вклучени во зависноста од дрога, а исто така содржат и рецептори за кои никотинот се врзува кога ќе влезе во крвотокот и ќе премине во мозокот. Претходно тимот открил специфични механизми за производство на невротрансмитери во овие области кои се клучен дел од развојот на зависноста од никотин. Овој пат научниците се усовршија уште повеќе и пронајдоа мала група мозочни клетки во интерпедункуларното јадро кои ја менуваат својата активност откако ќе бидат хронично изложени на никотин.
„Ако сте изложени на никотин во текот на подолг период, произведувате повеќе хемикалии што го нарушуваат сигналот“, вели неврологот Инес Ибанес-Талон од Универзитетот „Рокфелер“.
Ова е доста важен доказ ако сакаме да откриеме лекови што би можеле да ја спречат независноста од никотинот со менување на тоа како нашиот мозок реагира.
Иако
резултатите важат само за глувците, сепак, ние имаме слична структура на мозокот со овие животни, така што истражувачите се уверени дека со ова можат да научат нешто плус за нашата зависност.