X
 12.07.2020 Живот

Ледени пештери под површината на најголемиот глечер во Европа

Исланд го има најголемиот глечер во Европа, но тој не е посебен само по фактот дека е поголем од сите други глечери на континентот. Она што ги привлекува туристите да дојдат и да го посетат глечерот во националниот парк Ватнакојул се пештерите што може да се најдат под глечерот во период од неколку месеци во годината.

Пештерите се создаваат секоја година кога се замрзнува стопената вода од глечерот. Тие се најстабилни во периодот помеѓу ноември и март.

Од паркот предупредуваат дека постои ризик при влегувањето на новите пештери бидејќи нивните ѕидови и горниот дел може да станат послаби доколку температурите се поголеми.



Извор и фото: usatoday.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот