Пливањето е една од омилените летни активности. На светот има прекрасни места кои со своите бои и форми едноставно мамат да се нурнете во нив. Но, иако изгледаат магично, тие кријат и бројни опасности, па затоа е подобро да ги избегнувате.
Топло езеро во Доминиканската Република
Езерото што врие во Доминиканската Република, дел од националниот парк „Морн труа питон“, можеби изгледа како прекрасно место за пливање, но всушност е едно од најопасните места во светот. Вулканска магма се крие под површината на водата која врие.
Бунарот на Џејкоб во Тексас
Ова е вистинско чудо на природата, но е исполнето со многу опасности. Под водата се наоѓа тесна пештера длабока десетина метри. Туристите од различни земји се обидуваат со свои очи да видат што се крие зад површината на водата, па често ризикуваат да скокнат во непознатото, но тоа е опасно.
Самаесанска дупка во Тајланд
Постојат неколку причини зошто дупката е опасна за пливање и нуркање. Прво, нејзината длабочина е околу 85 метри. Второ, има силни струи кои лесно би можеле да ги доведат нуркачите или пливачите во опасност. Најважно е, сепак, што оваа област некогаш била депонија за неексплодирани бомби.
Езерото Викторија во Африка
Самото езеро е добро место за капење, но некои делови од езерото може да доживеат екстремни временски услови. За жал, бројот на смртни случаи во езерото Викторија во моментов е во просек 5.000 годишно.
Област со опасни ајкули
По должината на брегот на Јужноафриканска Република во регионот наречен Гансбаи се собираат најопасните видови ајкули.
Сината лагуна во Велика Британија
Водата можеби изгледа чиста и убава, но не паѓајте на тоа. Сината лагуна има висока pH вредност што може да предизвика опасни изгореници на човечката кожа.
Квинсленд
Ова е Квинсленд, Австралија, а водите таму се населени со мали, но смртоносни суштества. Станува збор за отровни медузи кои доколку ве каснат веројатно нема да излезете живи од водата.
Кратерското езеро Киву, Руанда
Вулканска ерупција која се случила 400 години порано направила голем кратер во езерото, во кое низ вековите се акумулирало огромно количество јаглерод диоксид.
Синото езеро во Русија
Ова езеро во Кабардино-Балкарија всушност е полно со водород сулфид, што значи дека би било многу непријатно да се плива. Исто така, никој не стигнал до дното на езерото, па кој знае што има таму.
Плажа на мртвите во Мексико
Ова е плажата „Зиполите“, а се наоѓа на Тихиот Океан во Мексико. Локалните жители всушност ја нарекуваат „плажа на мртвите“, бидејќи секоја година околу 50 капачи умираат поради силните струи. Можеби е опасна, но таа е единствената јавна нудистичка плажа во Мексико.
Извор:
Green
Насловна фотографија: Pixabay