X
 04.07.2016 Живот

Три корисни правила што можат да ве спасат на аеродром

Овие три правила треба да бидат сечија библија за патувања. Иако многу авионски линии знаат да бидат полни со трикови, повеќето линии се доста услужни и љубезни со патниците кои се наоѓаат во тесно.

Некои од овие правила се малку неофицијални кога станува збор за правилата, но им овозможуваат на авионските компании да и помогнат без следење на правилата. Најчесто станува збор за да се биде проактивен знаејќи кои правила кога да се употребат бидејќи агенциите тоа нема да го направат.

Правилото на „дупната гума“

Ова правило им дава флексибилност на вработените да ги услужат патниците кои го пропуштиле летот бидејќи можеби им се дупнала гумата одејќи до аеродромот. Имајте предвид дека не мора секогаш да значи дека станува збор за дупната гума, и дека нема потреба од смешни документи да го докажат тоа - туку едноставно се смета дека сообраќајниот метеж и затворени улици се случуваат, па дури и авио-компаниите знаат дека вакви работи се случуваат. Секако овие работи се понеофицијални кон правилата, така да добра идеја е да ја контактирате компанијата веднаш штом сметате дека би задоцниле. Некои луѓе тврдат дека некои аеродроми бараат телефонски повик барем 10 минути пред полетувањето.

Правило на залуден пат


Трикот со ова правило е дека во случај доколку нешто се случи со летот тоа е во целосна контрола на авио-компанијата и ако патникот ја пропушти целта на тоа патување, тогаш авио-компанијата треба да му компензира на патникот или да овозможи алтернативно решение. Ова може лесно да се примени на бизнис и лични патувања. На пример, замислете дека некој човек патува до одредена дестинација за да биде присутен на бизнис состанок. Но авионот поради механички проблеми, мора да застане и да задоцни за неколку часа после планираното слетување. Поради задоцнувањето, тој човек нема зошто да патува, бидејќи кога би стигнал веќе состанокот би завршил. Поради тоа на него му следува компензација. Ова исто така може да биде применето и на лични обврски и настани, иако би зависело од сериозноста на ситуацијата.

Правилото на директен лет

Доколку авио-компанијата има некој вид на проблем - посебно ако е механички проблем - и доколку тие одлучат да ги преместат патниците во други авиони, секој патник има право да побара од аеродромот за најдиректната линија до неговата посакувана дестинација.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот