X
 12.08.2018 Култура

Најновите и најдобро дизајнирани мапи во светот

За сите ентузијасти што сакаат мапи, Северноамериканското картографско информатичко општество наскоро ќе го објави „Атлас на дизајнот“ за 2018 година, својот најнов комплет со најновите и најдобрите мапи во светот. На секои две години уште од 2012 година, „НАЦИС“, непрофитна организација што ја поддржува и промовира картографијата, издава нов обем на мапи, внимателно избрани од стотици учесници од страна на панел судии. Оваа година, панелот судии избра од 300 поднесени мапи.

Учесниците бea оценети од страна на панел од 12 луѓе заедно со Лорен Тирни, ко-уредник на „Атлас на дизајнот“ заедно со Алетеа Стеинге и Каролин Роуз.

1
Фото: NACIS


-Не веруваме дека постои начин да се биде објективен за нешто вакво. Судиите често беа во несогласување, скоро секоја мапа доби добар оценка од најмалку еден судија, а лоша од друг. Ова несогласување беше токму нашата цел кога го создадовме панелот, бидејќи сакавме да се осигураме дека конечниот избор нема да биде доминиран од еден стил или вкус, туку да има нешто што секому ќе му се допадне.

2
Фото: NACIS


Додека уредниците на најновото издание на „Атлас на дизајнот“ не идентификуваат никакви доминантни трендови во картографијата во текот на изминатите неколку години, новите техники и картографски дизајни се појавуваат што се неверојатно различни од минатата година. Како што различните техники стануваат популарни во полето, тие се појавуваат во некои од мапите.

3
Фото: NACIS


Една вертикална мапа ги отсликува границите на тектонските плочи на Земјата во изненадувачки, прозрачни бои. Друга мапа го прикажува животот на морската патка. Трета, од Хедер Смит, е во стилот на мапа од 19-тиот век: ја отсликува реката Анаполис.

Целта на „Атлас на дизајнот“ е да ги инспирира читателите во областа на картографијата и тие да сфатат каква моќ може да има добро изработена мапа.

5
Фото: NACIS

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура