X
 18.04.2017 Култура

Луди туристички атракции во Русија

1

Ако за време на вашиот престој во Русија не сакате да се ограничите со дегустација на боршч како и купување на сувенири, искористете ги овие предлози за егзотични забави. Некои од нив се бесплатни, а некои скапи и прескапи.

1. Капете се во вода под замрзната површина

Еден од лудите руски обичаи е капење во вода под замрзната површина. Во мразот се прави доволно голем отвор и преку него се влегува во вода. Ваквото капење обично се случува на празникот Водици, и веројатно некогаш бил пагански обичај. Во секој случај, ако се почитуваат правилата за безбедност, ваквото капење е корисно за сите оние кои сакаат да го зајакнат нивниот имунитет.

1
Фото: Аљона Репкина

Имајте ги на ум вредните совети за почетници за да избегнете настинка. Најважно е да сте здрави и да имате искрена желба и одлука да се нурнете во студената вода. Земете си топла облека и вашите пријатели, бидејќи ова дефинитивно не треба да го доживеете сами.

Пред да влезете во вода, направете неколку вежби за згревање. Во водата треба да влезете три пати без да ја наводените главата, а потоа да излезете надвор и наместо водениот костим за капење да ставите топла облека - чорапи, џемпер и јакна.

Цена: Бесплатно

Каде: Само на реките и езерата каде е направен соодветен отвор и каде е подготвено се` што е потребно за овој вид на капење.

Кога
: Во поголемиот дел на Русија, ова можете да го направите од крајот на ноември до март. Водици е кон крајот на јануари.

2. Почувствувајте вистинска центрифуга

2
Фото: Аљона Репкина

Доколку како дете сте сакале да станете астронаут, тогаш ова доживување е вистинско за вас - центрифуга во која тренираат идните космонаути.

Всушност, ова е уред за регулирање на товарот кој човек го доживува за време на полетувањето и слетувањето на леталото, каде вашата тежина се зголемува неколку пати. Центрифугата можете да ја доживеете во град близу Москва кој некогаш бил затворен за луѓе. Местото каде тој се наоѓа порано било тајно бидејќи постии центар за подготовка на космонаути.

Влегувањето во центрифугата е дозволено само за оние над 18 години. Медицинските лица постојано ја следат вашата здравствена состојба и на првиот негативен сигнал веднаш ќе престанат со експериментот.

Цена: 75.000 рубли и повеќе

Каде:
Ѕвезден град

3. Искусете ја стратосферата

3
Фото: Аљона Репкина

После лекарски преглед и детални инструкции кои ќе ги добиете, можете да одите на акробатско летање на авионот МиГ-29.

Цена: од 550.000 до 850.000 рубли

Каде
: Ѕвезден град

4. Возете се во тенк

4
Фото: Аљона Репкина

Тестирајте го борбеното возило тешко 36 тони и почувствувајте како ова возило ја совладува секоја препрека која ќе му се најде на патот. Ова навистина е несекојдневно искуство. Можете да се возите во кабината и надвор, односно низ отворот од кој се влегува во тенкот.

Други опции: организирање на трка не тенкови и воено-историски сценарија, изнајмување на тенк и можност да бидете во улога на „опасен“ јунак од акционен филм. Можна е и обична екскурзија со возење во тенк кој е во целосна борбена готовност.

Цена:
Изнајмување на тенк на цел ден - 65.000 рубли, возење - од 3.000 до 9.000 рубли, а ако сакате да пукате од топ - 10.000 рубли.

Каде:
Полигонот „Истра“, московска област, истрински регион, село Борки.

5. Нурнете во студеното море со бели китови

5
Фото: Аљона Репкина

Белугите се симпатични бели китови. Всушност тие се помали во однос на другите китови и се во одличен однос со луѓето. Живеат во арктичките мориња и се доста дружељубиви и приврзани со луѓето. Нукрањето со нив во студената војна на Белото море е вистинско задоволство.

За да го доживеете ова задоволство ќе мора да покажете сертификат од професионалното здружение на инструктори за нуркање, дека имате големо искуство во нуркањето како и демонстрација на работниците.

Цена: Нуркањето со маска, шнорхел и перки - 5.000 рубли, нуркање во голема длабочина со специјална опрема - 6.000 рубли.

Каде: Карелскиот брег на Белото море.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура