X
 12.08.2019 Живот

Во Фукушима снемува место за радиоактивната вода

Напорите за безбедно затворање на нуклеарната електрана Фукушима Даичи штотуку добија нов рок.

За околу три години нуклеарната електрана ќе снема простор за големата количина радиоактивна вода која службениците ја складирале таму. Додека владино тело излезе со неколку можни насоки за дејствување, најизводливо во моментов е едноставно испуштање на водата во Пацификот - суров знак за нуклеарните катастрофи во иднина.

Во моментов Фукушима има повеќе од еден милион тони вода зачувани во речиси илјада резервоари. Се планира изградба на доволно резервоари за да може да се складираат уште околу 1,4 милион тони, но и тие ќе го достигнат капацитетот до средината на 2022 година.

Локалните жители и рибарите велат дека испуштањето на водата ќе ги уништи рибарството и земјоделството во областа. Меѓу другите опции што се разгледуваат од владиното тело се претворање во пареа на радиоактивната вода или нејзино инјектирање длабоко под земјата.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот