X
 19.09.2019 Живот

Раководителите на „Фукушима“ се ослободени од вина

Јапонски суд денеска одлучи дека тројца поранешни директори на компанијата „Токио електрик пауер“ не се виновни за професионална негрижа при несреќата во нуклеарката „Фукушима“ во 2011 година.

Тоа беше единствената кривична постапка по нуклеарниот инцидент кој расели десет илјади жители поради ширење радијација и загадување.

Како што се наведува, поранешниот претседател на ТЕПКО, Катсумата (79), и двајца поранешни раководители на компанијата не се виновни ниту за предизвикување смрт на 44 постари пациенти чие здравје било нарушено по присилната евакуација од локалната болница.

Против нив беше покренато обвинение затоа што не го предвиделе цунамито што ја погоди нуклеарната централа по земјотрес, како и за непреземање превентивни мерки кои би можеле да ја заштитат постројката „Фукушима“.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот