X
 12.08.2026 Живот

Кои професии ќе преживеат во ерата на вештачката интелигенција? Овие 10 се меѓу најсигурните

Иако вештачката интелигенција целосно ги преобликуваше многу канцелариски и аналитички работни места, мала е веројатноста дека агентите на вештачката интелигенција во блиска иднина ќе гасат пожари, ќе управуваат со авиони или ќе работат на градилишта.

Во услови на сè поголема загриженост за влијанието на технологијата со вештачка интелигенција врз пазарот на трудот, сè повеќе работници го насочуваат вниманието кон професии кои се сметаат за помалку изложени на автоматизација. Истражувањата покажуваат дека дури 62 отсто од професионалците би избрале физички и занаетчиски работи доколку тие им гарантираат подобра заработка и долгорочна стабилност во споредба со нивната сегашна работа.

Платформата за развој на кариера „Ресјум нау“ спровела обемна анализа на базите на податоци на Министерството за труд на САД, фокусирајќи се на шест клучни човечки способности: издржливост, физичка сила, брзина на реакција, просторна ориентација, способност за истовремено извршување повеќе задачи и препознавање опасности.

Експертот за кариера Кит Спенсер истакнува дека овие професии не се отпорни на вештачката интелигенција само затоа што вклучуваат физичка работа, туку и затоа што бараат висок степен на човечка проценка, брзо донесување одлуки и преземање одговорност.

Професии најотпорни на вештачката интелигенција

Врз основа на анализата на човечките способности и просечните годишни заработки, издвоени се 10 професии во кои човечкиот фактор е тешко заменлив:

1. Пожарникари

Клучни способности: физичка сила, издржливост, брзи рефлекси, просторна ориентација и препознавање опасности во вонредни ситуации.

2. Пилоти во авиокомпании и воздухопловни инженери


Клучни способности: брзи рефлекси, навигација, истовремено извршување повеќе задачи и процена на ризикот за време на летот.

3. Монтери на монтажни и подвижни објекти

Клучни способности: сила, издржливост, брзина на реакција и препознавање технички проблеми на терен.

4. Дрвосечачи

Клучни способности: физичка сила, рефлекси, издржливост и препознавање опасни ситуации при работа на височина.

5. Работници на челични и метални конструкции


Клучни способности: сила, координација, издржливост и препознавање опасности на градилиштето.

6. Работници на нафтени и гасни бушотини

Клучни способности: сила, постојана внимателност и проценка на безбедноста при работа со тешка механизација.

7. Рудари кои работат на обезбедување на подземни рудници


Клучни способности: брзина на реакција, просторна свест и препознавање опасности под земја.

8. Комерцијални пилоти

Клучни способности: навигација, брзи рефлекси, управување со ресурсите и рано препознавање проблеми.

9. Професионални рибари и ловци

Клучни способности: просторна ориентација, сила, издржливост и проценка на непредвидливи временски и природни услови.

10. Дрвосечачи во шумарството


Клучни способности: рефлекси, физичка сила и препознавање високоризични ситуации при експлоатација на шумите.

Иако опасните и физички напорни професии не се избор за секого, пораката што ја носи оваа анализа може да се примени во сите сектори.

Кариерните советници нагласуваат дека работниците во сите индустрии треба да си постават две клучни прашања: Кои уникатни човечки способности најмногу ќе се ценат во иднина? и како можам да ги развивам тие способности, а истовремено да научам да ја користам вештачката интелигенција како алатка?

Прилагодливоста, критичкото размислување, здравото расудување и решавањето сложени проблеми остануваат меѓу највредните способности на пазарот на трудот без оглед на тоа колку напредни ќе станат алгоритмите.

Извор: BIZlife.rs
Фото: Magnific

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот