Кон крајот на минатата година американската компанија „Амазон“ претстави иницијатива за обезбедување бесплатни курсеви за вештачка интелигенција на 2 милиона луѓе низ светот до 2025 година.
Во рамките на иницијативата се нудат осум бесплатни курсеви за генеративна вештачка интелигенција. Има курсеви кои се за почетници, а некои се за напредни вештини.
За оние што се нови во областа, погледнете ги следните курсеви.
- „Вовед во генеративна вештачка интелигенција: уметност на возможното“ (
Introduction to Generative AI: Art of the Possible);
- „Вовед во машинско учење - уметност на возможното“ (
Introduction to Machine Learning — Art of the Possible);
- „План за учење генеративна вештачка интелигенција за донесувачи на одлуки“ (
Generative AI Learning Plan for Decision Makers);
- „Вовед во 'Амазон коуд висперер'“ (
Introduction to Amazon CodeWhisperer).
Повеќе информации за сите курсеви можете да најдете на официјалната
веб-страница.
Извор:
Open culture
Насловна фотографија: Unsplash