X
 12.09.2018 Култура

Време е за првиот детски мјузикл. Театар за деца и младинци кани музички таленти од 9 до 13 години

Вкупно 18 момчиња и девојчиња ќе бидат избрани на аудициите што Театарот за деца и младинци од Скопје ќе ги организира за да го создаде првиот детски мјузикл во историјата на македонскиот театар. Аудициите ќе се одржат на 21, 22 и 23 септември во просториите на Детскиот креативен центар „Карпош“ во Скопје.

Иницијатор на проектот е режисерката Виолета Џолева, која со години сонувала да направи детски мјузикл. Врвна авторска екипа е собрана во проектот „Земја во која не се стигнува“ според текст на Оливера Николова. Музиката е дело на маестро Александар Џамбазов, кој ја создал пред пет и пол децении, а во осовременувањето на звукот ќе помогнат композиторите Дамир Имери и Александар Митевски.

Прочитајте повеќе на deca.mk

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура