X
 12.09.2019 Образование

Финска е меѓу земјите каде што е најтешко да се запишеш на факултет

Финска е позната по тоа што го има еден од најдобрите образовни системи во светот.  Најново истражување за образованието од ОЕЦД ја става Финска на првото место според строгоста при прием на универзитетите.

Во Финска помалку од една третина од апликантите имаат пристап до универзитетските студии. Шведска е еднакво строга, додека во Франција 90 отсто од кандидатите успеваат да влезат на факултет. Во Норвешка односот е 45 отсто, а во Естонија 70 отсто.

Според рангирањето на ОЕЦД, Финска и Шведска ги одбиваат повеќето кандидати за факултет.

Сегашната финска влада во својата програма вети дека ќе ги зголеми местата на универзитетите. Со тоа ќе се подигне целокупното ниво на образованието во земјата, ќе се намалат проблемите во апликациите и ќе се задоволи зголемената побарувачка за образована работна сила.

Наставничкиот капацитет на универзитетите во Финска главно зависи од финансирањето од владата. Финските студенти и студентите од ЕУ-земјите не плаќаат школарина во Финска и не постои систем за запишување на факултет преку кофинансирање.

Помалку од половина од земјите на ОЕЦД, вклучувајќи ја и Финска, имаат систем каде што почетните места на студии на универзитетско ниво се ограничени и каде што не можат да влезат сите кандидати.

Советникот Јука Хапамаки од финското министерство за образование изјави дека процесите се различни во земјите, така што не треба да се споредуваат.

ОЕЦД предупреди дека односот на луѓето со универзитетско образование во Финска останува под неговиот просек. Во Финска 41 отсто од населението има универзитетски дипломи, додека во земјите од ОЕЦД просекот е 44 отсто.

Нивото на Финска го делат и Латвија, Австрија и Словенија. Финска си постави цел од 50 отсто, ниво што го постигнаа САД, Швајцарија и Британија.


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование