X
 26.08.2015 Образование

Факултетот што можеше да направи револуција во образованието

Ги знаете „Харвард“, „Колумбија“ или „Принстон“, но дали сте слушнале за факултетот „Блек маунтин“? Се работи за колеџ кој постоел речиси анонимно на планините во Северна Каролина пред 58 години.


Според списанието „Our state“, во 1933 година, еден професор со име Џон Ендрју Рајс одлучил да отвори колеџ откако бил разочаран од академијата. Тој ја изгубил работата како универзитетски професор и со себе земал уште неколку колеги и студенти за да го основаат колеџот.

Сè започнало без план, буџет, па дури и место за институцијата. Наскоро бил пронајден тренинг центар кој го изнајмувале за да ги држат предавањата. Во каталогот на колеџот пишувало дека институцијата се основа за „да се создаде место кадешто ќе се практикуваат нови образовни методи како експерименти“.

Очекувано, колеџот бил сосема различен од било кој друг што постоел во времето. Сè било водено и организирано од страна на професорите, а се охрабрувала помошта од студентите. Професорите биле платени кога имало средства. Поголемиот дел од храната била растена на фармата до колеџот. За време на Големата депресија, колеџот добил инвестиции.

На овој колеџ се одржувале форуми за дискусии и дебати долго пред тие да станат популарни. Колеџот никогаш не добил акредитација, но дипломците добивале дипломи. И покрај сите препреки, од колеџот излегле некои од најголемите американски генијалци како Џонатан Вилијамс, Филдинг Досон и Роберт Крили. На колеџот гостувале и познати професори како Ленгстон Хјуз, Торнтон Вајлдер и Алберт Ајнштајн.

Колеџот бил затворен во 1957 година поради финансиски причини, а за него не се знае до денес, иако неговото индиректно влијание е неминовно во уметностите.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование