Во рамките на проектот „
Finn-Ed Hub“, Финците во текот на наредните години сакаат да привлечат што повеќе странски студенти.
Петер Вестербак, еден од менаџерите кои учествуваат во овој национален проект, им соопштил на новинарите дека во рамките на проектот на едно место ќе бидат понудени сите потребни информации за високо образовните институции во земјата.
Нагласил дека нивната цел е да привлечат 100 илјади студенти од целиот свет, посебно од азиските земји. Тој истакнал дека финските универзитети ќе се промовираат по пат на социјалните мрежи, а посебно внимание ќе посветат на претставување на универзитетите на кинески јазик. Вестербак вели дека земјата е најдобро место за студирање и тоа ќе го покажат. Тој додава и дека потребно ќе биде да се поедностави процесот за поднесување барања за студирање како и издавање на виза.
Финците веќе во текот на наредните години планираат да привлечат околу 30 илјади странски студенти.