Зоолошките градини за галење животни не се нешто ново, па на посетителите им нудат шанса да галат различни видови животни, од кози, свињи до пони. Но, дали знаете дека постои зоолошка градина каде што можете да се дружите со видри? Не само што можете да ги запознаете, туку ви се дава и уникатна можност да ги галите.
Видео на „Тик-ток“ покажува снимка од морскиот парк „Кеикју Абурацубо“ во Токио и аквариумот во Дубаи. На двете места видрите возбудливо ги пуштаат нивните шепи во малите отвори на прозорците секојпат кога ќе се приближи посетител. Не само што сакаат да се запознаат со посетителите, туку се чини и дека сакаат да ги допрат.
Токму по оваа карактеристика се познати видрите: по тоа што сакаат да се држат додека спијат, за да не се одделат додека пловат спиејќи. Ова однесување е познато како „рафтинг“ и се смета за еден вид покажување наклонетост.
Бидејќи има толку многу придобивки, ова објаснува зошто видрите толку сакаат да се држат за рака со посетителите на аквариумот, дури и ако тоа е само за кратко време. И додека некои изразија загриженост за добросостојбата на видрите, постојано има негувател до нив.
Извор:
Mymodernmet.com
Фото: Reddit