X
 05.04.2020 Наука

Коронавирусот може да претставува закана за некои животни

Последниов период гледавме фотографии што изгледаат како да се излезени од филм. Животните шетаат низ празните градови, се појавува вегетација на повеќе места. Но, иако мислиме дека светот без луѓето би бил рај за животните, тоа не е така.

Во зависност од животното, видовите може да имаат негативни или позитивни последици од присуството на луѓето. Некои животни за кои постои ризик од изумирање во моментов имаат потреба од човечка помош за да преживеат. Во Африка екотуризмот најчесто ги финансира проектите за зачувување на животните. Во Намибија 16% од вработените лица се во областа на туризмот. Во Танзанија над една четвртина од површината на земјата е заштитена.


Фото: Pixabay

Речиси преку ноќ туристичката индустрија се намали и веројатно ќе биде слаба преку целото лето. Тоа ќе влијае и врз платите на чуварите што ги заштитуваат животните, а луѓето што досега работеле во туризмот може да почнат нелегално да продаваат природни ресурси и да ловат животни за да преживеат. Пандемијата на коронавирусот ќе поништи децениска работа за зачувување одредени животни, како носорозите.

Но, не постои опасност само за животните. Кенија има развиена индустрија за производство на цвеќиња за пазарите во Амстердам. Оваа индустрија е погодена и одзема 7.000 работни места. Овие илјадници луѓе ќе бидат гладни и ќе бараат начин за да преживеат.


Фото: Pixabay

Луѓето работат и на зачувување птици, китови и други морски цицачи. Напорите за зачувување на животинскиот свет најчесто се итни и зависат од временските услови. Но, доколку пандемијата трае 18 месеци или подолго, како што предупредуваат експертите, тоа е предолго за некои животни.

Автор: Мет Сајмон
Извор: wired.com 
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука