X
 25.06.2017 Наука

Животни кои се речиси невидливи

Сигурно сте случнале за камелеони, лигњи и октоподи кои користат пигменти за да се вклопат во средината. Но дали сте знаеле дека постојат речиси целосно невидливи животни?

октопод
Фото: bbc

Стаклен октопод

Еден од најлесните начини да се биде невидлив е да се биде транспарентен и да се остави светлината целосно да патува низ телото. Ова е особено често во големите океани каде што нема структури зад кои може да се крие животното. Едно такво животно е стаклениот октопод кој е целосно транспарентен. Тој може да достигне големина до 45 сентиметри ако се вклучат пипците и живее на 300 до 1000 метри под морската површина во тропските и субтропските предели. Единствено дигестивниот систем, оптичките нерви и очите не му се невидливи.

астаклен октопод
Фото: Solvin Zankl/naturepl.com

Стаклена лигња

Овие лигњи се речиси целосно проѕирни. Тие живеат на длабочина од 200 до 1000 метри. Очите не им се транспарентни, што не им оди во прилог во однос на предаторите, но користат трик за да ги сокријат. Тие произведуваат контра осветлување со орган под очите што е многу слична на сончевата и со помош на оваа техника стануваат целосно невидливи. Но од друга страна таа ја прави лигњата многу видлива за гледачите од другите агли.

стаклена лигња
Фото: Solvin Zankl/naturepl.com

Томоперитовиот црв од длабочината на морето

Ова животно е речиси целосно транспарентно. Во оваа група има 11 вида, од кои повеќето сјаат сини, но еден вид, Tomopteris nisseni може да произведе жолто светло. Некои можат да ги одвлечат предаторите со ослободување на блескав дел од телото наречен параподија, правејќи предаторот да го брка тој дел, а не самиот црв.

морски црв
Фото: Visuals Unlimited/naturepl.com

Морски салф

Салф е целосно транспарентно буре кое плива и се храни истовремено со испумпување на вода низ неговото желатинско тело. Иако изгледаат како медузи, тие се пософистицирани и се тесно поврзани со рибите и ‘рбетниците затоа што имаат срце и жабри и можат да се репродуцираат сексуално.

морски салф
Фото: David Shale/naturepl.com

Морски сафири

Морски сафири се суштества со големина на мравка кои припаѓаат на групата ракови нарелени copedops. Она што е извонредно за нив е што за секунда можат да светне светло од нив и речиси да исчезнат. Бојата зависи од аголот на светлината што ги погодува. Научниците откриле дека ако таа ги удри под агол од 45 степени стануваат невидливи.

морски сафири
Фото: Solvin Zankl/naturepl.com

Пеперутка со стаклени крила

За да се биде транспарентен потребни се многу фактори и водената средина е со причина попогодна за да се има ова својство. Ова е тешка задача за животните кои живеат на копно. Во морето има помала разлика меѓу индексот на рефлексија на водата и биолошките ткива, па транспарентноста е полесна задача. Друга причина зошто нема транспарентни животни на копно е затоа што тие имаат потреба од пигменти да како меланин за да се заштитат од УВ зрачењето.

Сепак постојат исклучоци од ова правило. Една од нив е пеперутката со стаклени крила која живее во Централна Америка. Иако не е целото тело транспарентно, крилјата ја прават да биде потешка да следење од предаторите додека лета. Кога научниците испитувале како ја постигнува транспарентноста на крилјата, пронашле нанопилари кои биле расфрлани по случаен избор и имале различни должини. Се чини дека тие ѝ помагаат да ги минимизира рефлексиите од своите крила.

пеперутка
Фото: Rod Williams/naturepl.com
Подготвил: М.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука