Малкумина имаат шанса да фотографираат животни како нилски коњи, хиени или крокодили. Но, Сурен Манвелјан успеал да им се приближи толку блиску што направил неверојатни детални фотографии од нивните очи.
Некои од овие макрофотографии изгледаат како пејзажи, сè уште неоткриени планети, додека други потсетуваат на некој портал во друга димензија. Но, сите докажуваат дека очите навистина се прозорец на душата.