X
 12.10.2016 Наука

Изненадувачките негативни страни на интелигенцијата

Ако незнаењето е блаженство, тогаш дали вискиот коефициент на интелигенција е беда? Популарните мислења тоа го потврдуваат. Но, помислете на големите умови, писатели, научници : Вирџинија Вулф, Алан Туринг и други – осамени и изолирани иако биле навистина врвни во тоа што го работеле. Ернест Хемингвеј напишал : „Среќата кај интелигентните луѓе е најреткото нешто“.

Голем дел од образовниот процес е насочен кон подобрување на академската интелигенција иако границите ни се добро познати, IQ-то е примарен начин на мерење на когнитивните способности. Ние трошиме пари на различни тренинзи за да си ги подобриме тие способности.

Понекогаш знаењето и талентите се товар. Често се вели дека
паметните луѓе имаат појасна визија за пропустите во светот, што предизвикува фрустрација. Додека повеќето од луѓето се “опседнати“ со егзистенцијалните проблеми, паметните луѓе се во агонија заради човековата состојба на глобално ниво и лудостите кои човекот ги прави.

Константното грижење може да биде исто така знак за интелигенција, но не такво грижење какво што го замислувале филозофите. Се мисли на секојдневни грижи – не дека на паметните луѓе грижите им се подлабоки и потемелни, туку едноставно повеќе се грижат и тоа за поголем број работи одеднаш.

Научниците ова го поврзуваат со вербална интелигенција, што значи овие луѓе ја вербализираат анксиозноста која ја чувствуваат во врска со секојдневните грижи, па на тој начин доаѓаат и до решенија и учат од сопствените грешки.

Суровата вистина е дека поголемата интелигенција не се поврзува со помудри одлуки. Всушност, во некои случаи донесените одлуки можат да бидат побудалести и понеразумни.

Луѓето кои одлично поминуваат на тестовите за когнитивни способности повеќе се склони кон имањето „пристрасна слепа точка“. Тоа значи дека помалку можат да ги согледаат своите мани, иако се многу склони кон
критикување на постапките на другите.

Тенденцијата да се ослонуваат на инстинктите и претчувствата можно е да го објансува фактот што голем број на членови на Mensa веруваат во паранормалното, или зошто оние со висок IQ (над 140) два пати повеќе од другите се склони да ја празнат својата кредитна картичка.

Интелигенцијата не води кон рационални одлуки и подобар живот, односно мудроста всушност доаѓа со годините, сметаат научниците. Што значи насобраните животни искуства доведуваат до донесување мудри ир ационални одлуки, а не самата интелигенција кај индивидуата.

Спроведените тестирања покажале дека
поголемото животно задоволство, квалитетот на врските и намалената анксиозност се работи што најчесто се отсутни кај паметните луѓе.

Во иднина, работниците можеби ќе треба да подлежат на тестирања за способностите кои произлегуваат од IQ-то.
Google дури најавиле дека во план е да ги тестираат кандидатите за работа за “интелектуална смиреност“.

Кога една индивидуа ќе да се ослободи од “товарот“ на интелигецијата, може да дојде до сознание дека честопати таа му го заслепувала судењето на ситуациите и другите луѓе. Многу важна во оваа смисла е реченицата на Сократ : “Најмудриот човек е оној кој ќе признае дека не знае ништо.“ 

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука