Секоја година „Гугл“ добива билиони пребарувања и прашања, а околу 15 отсто од нив никогаш претходно не биле поставени - и ова претставува сериозен предизвик.
Илјадници инженери и специјалисти на производи поминуваат безброј часови во големиот комплекс на „Гугл“ обидувајќи се да го решат најкомплексниот проблем поврзан со пребарувањата: јазикот.
Додека „Гугл“ ги враќа резултатите за едно од милијарда пребарувања што ги добива дневно - 15 отсто од пребарувањата не биле прашани претходно - скриен процес што го напојуваат луѓето и алгоритмите работи за да се осигури дека одговорот што е напишан е точен и одговара на она што го побарал корисникот.
Просечното лице што поставува прашање на „Гугл“ и добива одговор веројатно не размислува како се случува сето тоа.
Кога ќе се појават проблеми, како што е погрешното именување на Калифорниската републиканска партија дека има идеологија на нацизам, поради вандализмот на еден од изворите на „Гугл“, најчесто настануваат поради тоа што гигантот за пребарување генерално ги убеди корисниците дека го разбира јазикот. Но, тоа не е баш така.
- Разбирањето на јазикот е сосема поинакво и послабо од начинот на кој вие го разбирате јазикот - вели Панду Најак, раководител во „Гугл“.
Како што објаснува тој, разбирањето на „Гугл“ за пребарувањето „Is sole good for kids?“ - обидот да се направи разлика помеѓу риба (sole) и ѓон од чевли (sole) не е толку силен како што бил пред неколку години. Со оглед на тоа, процесот на пребарување постојано се менува за да им служи на милијарда корисници.
- Единственото нешто што можам да го гарантирам или да го кажам со апсолутна сигурност е дека како што се појавуваат овие проблеми, така ние сме апсолутно посветени за наоѓање нивни решенија - додава Најак.
Секоја година има билиони пребарувања на „Гугл“, а повеќе од половината се случуваат преку мобилен телефон. Во август претседателот Трамп тврдеше дека „Гугл“ ги менува резултатите од пребарувањето против него и други фигури од десната страна, тврдење што компанијата енергично го негираше.
- Пребарувањето не се користи за поставување политичка агенда и ние не ги принудуваме нашите резултати да одат кон одредена политичка идеологија - изјави портпаролот на компанијата.
Помеѓу информациите и типично неограничениот човечки капацитет да поставува прашања за сè малку луѓе разбираат како всушност функционира „Гугл“ кога ќе напишат нешто во полето за пребарување.
„Ползачите“ на „Гугл“, кои постојано ги скенираат страниците на интернет за нови содржини и врски, меѓу другото, складираат копии од веб-страниците во масивниот индекс на компанијата. Ако овие копии се наредени како страница на една книга, таа ќе се протега до Месечината и назад дванаесет пати. Софтверот одговара на вашето барање со термини на најрелевантните страници и ги рангира овие страници врз основа на авторитетноста и релевантноста пред да ги произведе вашите резултати.
Во меѓувреме, алгоритмите постојано се подобруваат и се менуваат: околу 10.000 пребарувачи за квалитетот на пребарувањето низ целиот свет спроведуваат илјадници тесно контролирани експерименти за пребарување - имало 30.000 експерименти што резултирале со 2.500 промени за пребарување минатата година за да се оцени дали резултатите даваат точни информации.
На многу начини пребарувањето не е решен проблем и никогаш нема да биде. Спамерите секогаш ќе се обидуваат да играат со системот, иако „
Гугл“ успева да го намали нивното влијание.