X
 12.10.2019 Живот

Факти за филмот „Џокер“ што го прават уште поинтересен

Изминатава недела, интернетот е преокупиран со новиот филм „Џокер“ чија премиера беше во кината низ светот, а кај нас може да го гледате во „Синеплекс“. Некои сметаат дека ова е филмот на деценијата, некои сметаат дека е толку нечувствителен што треба да се забрани. Некои пак, го прифатија духот на ликот на Џокер и уживаа во хаосот и борбата околу филмот.

Бeз оглед на вашето мислење за филмот, не можете да негирате дека го привлече вниманието на луѓето и создаде дискусија за негативците, општеството, насилството и слободата на говорот.

Во продолжение се неколку интересни факти за филмот.

1. За улогата на Џокер, актерот Хоакин Феникс беше на исцрпувачка диета и изгуби 23,6 килограми.

2. Хоакин ја засновал неговата смеа во филмот според видеата од луѓе кои страдаат од патолошка смеа. Освен тоа, Феникс сакал да портретира лик со кој публиката не би можела да се идентификува.

3. Пред снимањето, режисерот Филипс му рекол на Феникс ја замислувал смеата на Џокер како нешто што е речиси болно.

4. Филмот „Џокер“ се најде меѓу топ 10 највисоко платени филма на сите времиња според IMDb.

5. Постојат најмалку три различни вида на смеа што ги прави Џокер: смеата од страдање, смеата како еден од момците и автентичната смеа на крајот.

joker

6. Танцот во бањата бил импровизиран од самиот Феникс за време на снимањето на сцената.

7. Немиот филм „Човекот кој се смее“ имал големо влијание врз филмот „Џокер“.

8. Дејствието во филмот се случува во 1981 година и ова било направено намерно, за да не се поврзува со моменталните настани во Ди-си Екстендед Јуниверз.

9. Кога се подготвувал за улогата, Феникс ги проучувал движењата на иконските филмски ѕвезди од немите филмови како Бастер Китон и Реј Болгер.

10. Филмот добил 8-минутна овација на премиерата на Венецискиот филмски фестивал.

11. Улогата на Артур Флек, односно Џокерот, била создадена со Хоакин Феникс на ум.

12. Кога ја развивал улогата, Феникс изјави дека не се потпирал на ниту една претходна интерпретација на Џокер.

13. Роберт де Ниро е омилен американски актер на Хоакин Феникс, но двајцата едвај зборувале на сетот.

14. Скриптата често се менувала токму пред снимање на сцената, така што актерите морале да се прилагодат и да го импровизираат дијалогот.

15. Постоела чудна тензија помеѓу Роберт де Ниро и Феникс.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот