X
 12.10.2019 Живот

Студентка во Јапонија предала празен тест и добила петка

Студентка на Универзитетот „Мие“ во Јапонија го шокирала нејзиниот професор кога го предала есејот.

На прв поглед, изгледало како листот да е празен, но на малечка белешка на горниот дел пишувало: „Загрејте ја хартијата“. Кога професорот ја загреал хартијата на загреана плотна, почнал да се појавува текст.

19-годишната Еими Хага, го напишала цел испит со невидливо мастило.

Таа користела традиционална јапонска невидлива метода на мастило наречена „абуридаши“ за да го напише есејот. Хага го направила од екстракт од соја. Откако наводно поминала повеќе од два часа обидувајќи се да ја прилагоди концентрацијата на екстрактот, Хага конечно го напишала есејот на традиционална јапонска хартија наречена „ваши“. Откако мастилото се исушило, буквите навидум исчезнале, мешајќи се со белата нијанса на хартијата.

esej
Фото: ВВС


- Кога професорот рече дека ќе даде висока оценка за оној студент кој ќе биде креативен, решив да направам есејот да се издвојува од останатите - изјави Хага. Таа додаде дека се сетила на техниката од анимирана тв-емисија што ја гледала како дете.

Професорот на Хага, Јуџи Јамада изјави дека бил изненаден од изборот на Хага и се сомневал дека нејзините зборови ќе излезат јасно. Тој одлучил да ѝ даде највисока оценка за нејзината креативност. За да остави скриени неколку букви, професорот не го прочитал есејот до крај.

И можеби така е најдобро според Јамада, кој смета дека голем дел од фокусот отишол на нејзината креативност и дека самиот есеј не бил ништо посебно.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот