Пред болница во Рига бил поставен автомат за тестови за Ковид-19. Ова е првиот таков автомат во светот и прв од 100 автомати што ќе бидат поставени низ Летонија, пренесува „Ројтерс“.
Автоматот се наоѓа пред универзитетската болница „Полс Страдинс“. Автоматот нуди ПЦР-тестови за брисеви, а техничар подоцна ги собира направените тестови. Резултатите од тестовите се достапни за 24 часа, вели Дидзис Гаварс од лабораторијата „Е. Гулбја“.
Со автоматот се елиминира потребата од 2 до 4 медицински работници за правењето на
тестовите и се намалува ризикот од зараза, вели Гаварс.
Државата плаќа за тестовите во болницата, но автоматот засега е наменет само за вработените во болницата. Останатите автомати ќе наплаќаат 53 евра за тестирање.
Извор:
reuters.com
Насловна фотографија:
stradini.lv