X
 03.12.2015 Живот

Тест за откривање на перцепцијата кон животот

Едно од основните правила на овој тест е да го запишете она што го чувствувате и мислите веднаш по читањето. Во ред е доколку имате исти одговори на различни прашања. Прашањата читајте ги едно по едно и не брзајте.

1. Гледате во морето, како се чувствувате? Фокусирајте се само на првата мисла.

2. Пешачите низ шума и погледнувате кон земјата. Напишете како се чувствувате.

3. Што чувствувате кога гледате во корморани кои летаат?

4. А, стадо коњи? Напишете го првото нешто што сте го помислиле.

5. Се наоѓате во пустина, стоите покрај ѕид со мала дупка позади која има оаза. Што правите?

6. Сè уште сте во пустината, целосно изморени и одеднаш гледате вода. Што правите?

7. Изгубени сте во шумата навечер и гледате куќа со запалени светла. Што правите?

8. Се наоѓате во магла. Што правите?


Интепретација

1. Вашиот став кон животот, чувствата.

2. Начинот на кој се чувствувате во семејството.

3. Вашиот став кон жените.

4. Вашиот став кон мажите.

5. Вашата главна стратегија и целта во животот. Начинот на кој ги решавате проблемите.

6. Колку сте пребирливи во сексуалниот живот. Избор на партнер.

7. Вашата подготвеност за брак.

8. Вашиот став кон смртта.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот