X
 12.10.2021 Култура

Со прогласување на најдобрите - вечерва се затвора „Џифони Македонија“

Со прогласувањето на најдобрите филмови во сите натпреварувачки категории, вечерва во 19:30 часот ќе биде комплетирано 9. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“. Завршната вечер ќе биде пренесувана и на фејсбук-страницата на фестивалот. 

- Филмските работилници секогаш се голем предизвик да се успее во неколку дена да се раскаже филмска приказна, преку разговор и дружење да се научат најосновните елементи на филмскиот јазик. Младите снимија интересни приказни кои се надевам дека ќе нè натераат да размислиме и, секако, да дејствуваме, да го чуеме нивниот глас како да го направиме овој свет подобар - вели режисерката Марија Џиџева, која ја водеше оваа работилница на 9. издание на Филмскиот фестивал за млади „Џифони“. 

Фотографската работилница на проф. Роберт Јанкулоски донесе многу креативни фотографии, додека во работилницата за дигитален дизајн водена од проф. Ладислав Цветковски беа откриени тајните за дизајнирање постови на социјалните мрежи. Крсте Господиновски во работилницата за анимација годинава го смени принципот на работа обидувајќи се на позабавен и поедноставен начин да ги анимира учесниците, додека на работилницата за креативно пишување со фокус и примена во новинарството младите учеа што е информација, што е вест, како да ја препознаат и да ја напишат. 

Вчера завршија со работа сите работилници и другата филмска програма. На претпоследниот ден од фестивалот учесниците го проследија документарниот филм посветен на „Џифони“ низ изминатите 50 години.

фото: „Џифони Македонија“


Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура