X
 21.05.2021 Култура

Ќе се снима специјална емисија за 20-годишнината од првиот филм „Хари Потер“

Во ноември ќе се одбележат 20 години од прикажувањето на првиот филм од серијалот „Хари Потер“. „Ејч-би-о макс“, онлајн-платформата на Ејч-би-о, планира да ја прослави годишнината со специјална емисија за филмовите.

Станува збор за четиридневен квиз за „Хари Потер“ кој ќе биде прикажан на платформата, но и на некои телевизиски канали. Во квизот ќе може да учествуваат обожаватели што се на возраст над 14 години. Тие ќе се натпреваруваат со специјални гости.

Медиумите откриваат дека Џ. К. Ролинг не била директно вклучена во проектот, но нејзиниот тим соработувал со „Ворнер брос“ на создавањето на содржината.


Автор: Прома Косла
Извор: mashable.com
Фото: Принтскрин/Youtube
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура