X
 16.08.2022 Култура

Оваа нискобуџетна драма со денови е најгледана на „Нетфликс“

„Виолетови срца“ со Софија Карсон и Николас Галитзин во главните улоги е најгледаниот филм на „Нетфликс“ речиси две недели по ред.

Изминатата недела оваа драма собра повеќе од 102 милиони часови гледаност, речиси трипати повеќе од вториот најпопуларен филм на „Нетфликс“, „Сивиот човек“.

Сепак, 20.000 гледачи на „Виолетови срца“ му дадоа оцена 6,9 на популарната веб-страница за филмови IMDb.

Драмата, која го собори „Сивиот човек“ како најскап филм во историјата на „Нетфликс“, беше премиерно прикажана на платформата на 29 јули. Дејството ја следи Кеси, која се омажила за Марин Лукд од интерес. Имено, на Кеси ѝ бил дијагностициран дијабетес, а лошата финансиска состојба ја навела да се омажи за маринец за да ги искористи владините придобивки.

Критичарите не го обожаваат филмот

На критичарите не им се допадна нискобуџетната романтична драма.

- Филмот е полн со измислени заплети и подзаплети и има недостиг на хемија меѓу протагонистите - вели критичарката Клер Шефер за „Њујорк тајмс“.

- Карсон и Галитзин се убави луѓе, но нивните љубовни сцени немаат топлина и емоционална содржина, така што не се многу забавни за гледање - напиша Лук Томпсон за „Еј-ви клаб“.



Извор: Index.hr
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура