X
 12.10.2023 Технологија

Сектори во кои најчесто се користи „Чет-ГПТ“

Од лансирањето на „Чет-ГПТ“ минатиот ноември, употребата на вештачка интелигенција стана многу почеста, особено на работното место. Сакајќи да дознае повеќе за употребата на популарниот чет-бот во компании низ Велика Британија, „Индусфејс“ анкетира 2.000 работници во 25 различни сектори.

Истражувањето открива дека „Чет-ГПТ“ најмногу се користи во рекламирањето. Дури 39 отсто од анкетираните работници во тој сектор го користат во својата работа. 11 отсто од нив користат чет-бот со вештачка интелигенција повеќе од еднаш неделно, но 5 отсто велат дека никогаш нема да го користат.

38 отсто од анкетираните вработени во правниот сектор признаваат дека користат „Чет-ГПТ“ на работното место. „Индусфејс“ истакнува дека оваа информација воопшто не е изненадувачка бидејќи неодамнешните извештаи покажуваат дека вештачката интелигенција го преобликува правниот сектор преку подобрување на ефикасноста на договорите и автоматизирање на одредени делови од работата.

На трето место се најде секторот уметности и медиуми. Податоците покажуваат дека 33 отсто од анкетираните вработени во тој сектор користат чет-бот со вештачка интелигенција за својата работа. 13 отсто од нив признаваат дека го користат барем еднаш неделно.

10 сектори каде што најчесто се користи „Чет-ГПТ“


Рекламирање - 39 отсто
Правен сектор - 38 отсто
Медиуми и уметност - 33 отсто
Информатички и комуникациски технологии - 30 отсто
Градежништво - 30 отсто
Недвижен имот - 29 отсто
Производство - 29 отсто
Поддршка на клиенти - 29 отсто
Здравство - 28 отсто
Влада и одбрана - 28 отсто

Истражувањето на „Индусфејс“ покажува дека „Чет-ГПТ“ најчесто се користи за пишување извештаи, преведување, истражување и испраќање е-пошта. И покрај ова, се посочува дека 55 отсто од анкетираните работници велат дека немаат доверба во соработката со компании што користат „Чет-ГПТ“ или друг чет-бот со вештачка интелигенција.

Извор: Bug.hr
Фото: Unsplash
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија