X
 10.11.2019 Технологија

Бил Гејтс: Да не ја направев најголемата грешка досега, „Мајкрософт“ ќе беше крал на мобилните оперативни системи

Бил Гејтс неодамна изјави дека денес сите би користеле „Виндоус мобајл“ доколку „Мајкрософт“ не се најдеше среде истрага за трустови од министерството за правда на САД.

- Не постои сомневање дека тужбата за трустови беше лоша за „Мајкрософт“ и ние ќе бевме пофокусирани на создавање оперативен систем за телефони, па така наместо да користите „Андроид“, вие ќе користевте „Виндоус мобајл“. Ако не беше случајот со трустовите... бевме толку блиску, едноставно бев многу расеан. Затоа ја направив таа пресудна грешка.

Преминувањето на „Мајкрософт“ од „Виндоус мобајл“ на „Виндоус фон“ му овозможи на „Андроид“ да завладее со пазарот, но тоа не е сè - компанијата дури ја пропуштила и можноста да направи свој оперативен систем на атрактивен и клучен уред од „Моторола“.

- Доцневме три месеци - да стигневме навреме „Моторола“ би го користела нашиот систем, а во оваа ситуација победникот земаше сè. Сега, никој никогаш не слушнал за „Виндоус мобајл“, но во ред. Во игра беа само стотина милијарди долари - вели тој.

Никому не му е јасно за кој моторола-уред зборува Гејтс, но вреди да се напомене дека компанијата пред десет години ја лансира серијата уреди „дроид“ со оперативен систем „Андроид“ и тие беа вистински хит. „Моторола“ е една од главните причини што „Андроид“ стана популарен и што „Виндоус мобајл“ пропадна.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија