Во одреден момент од животот сигурно некој ви кажал дека стоењето пред огледало има моќ да го промени вашето расположение, па дури и да ве направи посреќни на подолг рок. Иако оваа идеја може да звучи како глупост, истражувачите од Универзитетот во Тенеси, во Ноксвил, покажаа дека има вистина и моќ во смеењето.
Психолозите од овој универзитет откриле дека насмевката има моќ да ги натера луѓето да се чувствуваат посреќно. По испитувањето на податоците од 138 студии и над 11.000 учесници, истражувачите заклучиле дека изразите на лицето имаат поголемо влијание врз нашите чувства отколку што мислиме.
Истражувањето и податоци се одвивале над 50 години и се спроведени со користење статистичка техника наречена метаанализа.
- Некои истражувања не пронајдоа дека изразите на лицето може да влијаат врз емоционалните чувства. Но, не можеме да се фокусираме на резултатите од едно истражување. Психолозите ја тестирале оваа идеја од почетокот на 70-тите, па сакавме да ги разгледаме сите докази - изјави Николас Колс, докторанд по социјална психологија и главен истражувач.
Но, податоците не биле ограничени само на насмевката. Според дадените податоци, на истиот начин како што насмевката може да ги направи луѓето посреќни, и муртењето и лутењето може да ги направат полути или потажни.
- Конвенционалната мудрост вели дека можеме да се чувствуваме посреќно ако се насмевнеме. Или дека можеме да имаме посериозно расположение ако се намуртиме. Но, психолозите не се согласуваа со оваа идеја повеќе од 100 години. Овие наоди се возбудливи затоа што обезбедуваат докази за тоа како умот и телото комуницираат за да го обликуваат нашето свесно искуство од емоциите. Сè уште треба да научиме многу работи за овие ефекти на повратните информации од лицето, но оваа метаанализа малку ни го приближува знаењето за тоа како функционираат емоциите - вели Колс.
Да се надеваме дека ова ново истражување ќе ѝ стави крај на
дебатата. Значи, ако денот не ви тргнал добро, обидете се да се насмевнете, веројатно ќе го промените.