X
 12.11.2022 Технологија

ЕУ планира да изгради самостоен сателитски интернет вреден 6 милијарди евра

Европската комисија, како дел од кампањата на комесарот за внатрешен пазар и индустрија на Европската комисија, Тиери Бретон, најави иницијатива за изградба и управување со сопствен сателитски интернет-систем.

Земјите од ЕУ и претставниците на Европскиот парламент најверојатно следната недела ќе постигнат договор за сателитски интернет-систем вреден 6 милијарди евра. Од една страна, ЕУ сака да ја намали својата зависност од странските компании во дигиталната економија, а од друга страна, не сака да заостанува во воените технологии во вселената, во кои Кина и Русија неодамна инвестираа значителни средства.

Поседувањето сопствен сателитски интернет-систем би можело да ѝ помогне на ЕУ да го забрза воведувањето на широкопојасен интернет во Европа, а со цел таков интернет да биде достапен во Африка, ЕУ би можела да им понуди на тамошните земји алтернатива на кинеските услуги.

Европскиот сателитски интернет би можел да понуди услуга за замена во случај на големи прекини или катастрофи и да обезбеди достапност на интернет на места кои не се опфатени кај давателите на услуги.

Официјални лица од земјите на ЕУ и пратениците од ЕУ ќе се сретнат на 17 ноември на, како што се очекува, состанок на кој ќе се договорат последните детали. Претставниците на земјите членки на ЕУ треба да се договорат за финансирањето на проектот. Европската комисија сака да пренасочи 2,4 милијарди евра од различни програми на ЕУ и да искористи непотрошени пари од други проекти на ЕУ, додека приватниот сектор се очекува да ги додели преостанатите 3,6 милијарди евра.

Предложениот сателитски интернет-систем може да доведе до изградба и лансирање до 170 сателити во ниската орбита помеѓу 2025 и 2027 година.

Извор: Mreza.bug.hr
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија